Дома Топ вести Баерн ја прифати понудата – Видал на чекор од Интер

Баерн ја прифати понудата – Видал на чекор од Интер

Последните информации од Апенините говорат дека Интер и Баерн конечно постигнале договор за трансфер на Артуро Видал.

Видал и Баерн одлучија да се разделат, а Чилеанецот веќе има договор со Интер, но двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу трансферот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер поради финанискиот фер-плеј може да го донесе Видал само на позајмица со право на откуп, но проблем беше што договорот на играчот со Баерн истекува следното лето.

Двата клуба конечно најдоа формула за реализација на трансферот. Имено, Видал ќе го продолжи договорот со Баерн до 2020 година и веднаш ќе се пресели во Интер на едногодишна позајмица со право на откуп, пренесува „СпортИталија“.

Наводно двата клуба постигнале „џентлменски договор“, односно Интер ветил дека следното лето ќе го откупи Чилеанецот за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…