Манчестер Јунајтед прави се за ова лето да не ангажира барем уште еден стопер.
По доаѓањето на Лени Јор од Лил, желба на англискиот клуб е дефанзивецот на Баерн Матијс де Лихт, но се чини дека нема да биде така лесно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На адреса на Баерн конечно стигна понуда од Олд Трафорд, таа е 35 милиони евра, но Баварците категорично ја одбија.
Медиумите на Островот претходно објавија дека Де Лихт постигнал договор со Јунајтед во однос на личниот доход.
Она што го бара Баерн е 50 милиони плус бонуси, па Јунајтед засега е доста далеку од тоа.
Германскиот новинар Кристијан Фалк најавува дека преговорите ќе продолжат бидејќи и Де Лихт сака да премине во редовите на клубот каде има многу сонародници.
Освен менаџерот Ерик тен Хаг, кој своевремено го тренираше во Ајакс, има и цел професионален тим со Руд ван Нистелрој, Рене Хаке и тренерот на голманите Јеле тен Рувелар.
Покрај тоа, холандскиот репрезентативец Џошуа Зиркзе летово стана член на Јунајтед.