Јуп Хајнкес беше суров. Го извецде најсилниот состав на Баерн на гостувањето кај Падерборн и со убедливи 6:0 обезбеди пласман во најмасовното германско натпреварување. Целта на Баварците се знае, тоа е финалето во Берлин кон средината на мај, а до таму претстои уште само еден чекор.
Денес германските шампиони од првата минута го газеа третолигашот, инаку фаворит за пласман на Цвајт, а погодоците на Коман во 19. и Левандовски во 25. минута служеа како показна вежба за домашните што да очекуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најубавите моменти на мечот беше генијалниот пас на Хумелс од 30 и нешто метри за Кимих кој во 42. минута зголеми на 3:0, а точката за сигурен триумф на Баерн ја стави Толисо во 55. минута по одлично изведениот корнер на Хамес Родригез.
Во самиот финиш Падеборн го дотолчи Арјен Робен со два прекрасни погодоци, со кои го комплетираше одличното издание на Баварците.
Единствена сенка на триумфот на Баерн фрли повредата на Томас Милер кој беше заменет во 32. минута.