Баерн Минхен сака да ја искористи ситуацијата околу прекинот на преговите помеѓу Хјун-Мин Сон и Тотенхем и веќе испратил порака за Јужнокореецот.
28-годишниот фудбалер игра фантастична сезона и е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата во моментов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште во октомври Тотенхем започна преговори за нов договор и „спарси“ му нудат плата од 200.000 фунти неделно. Меѓутоа, преговорите не одат во добра насока.
Англиските медиуми пренесуваат дека Баерн стапил во контакт со агентот на Сон и му нуди 5-годишен договор со значително повисока плата.
Доколку Сон не потпише нов договор до крајот на сезоната, Тотенхем сериозно ќе размислува за негова продажба.