Дома Фудбал Германија Баерн со богата понуда го задржува Алаба во Минхен

Баерн со богата понуда го задржува Алаба во Минхен

Иднината на Давид Алаба во Баерн Минхен беше доведена под знак прашалник бидејќи договорот на австрискиот универзалец истекува следната година.

Сепак, Баерн не сака да се раздели со својата ѕвезда и испрати понуда продолжување на соработката и 15 милиони евра годишна плата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Билд“ пренесува дека двете страни се блиску до договор и Алаба наскоро треба да стави потпис на истиот. Така Австриецот ќе стане еден од најплатените фудбалери во баварскиот гигант.

Неодамна Баерн ги продолжи договорите со Томас Милер и Мануел Ноер, па покажа дека нема намера да се разделува со најдобрите фудбалери.

27-годишниот Алаба е дете на Баерн Минхен, има многу важна улога во тимот и оваа сезона запиша 30 настапи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Партизан во голем проблем, не добил лиценца за настап во Европа!

Партизан не успеа да добие УЕФА лиценца за следната сезона, ексклузивно дознава Спорт клуб…