Дома Фудбал Германија Баерн скапо ја плати победата, се повреди еден од најдобрите играчи

Баерн скапо ја плати победата, се повреди еден од најдобрите играчи

Баерн синоќа со 2:1 славеше против четвртолигашот Родинхаузен и се пласира во осминафиналето на купот, но овој триумф може скапо да ги чини.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во 74. минута се повреди Тиаго Алкантара, кој доби силен удар во коленото. Првите прогнози не се позитивни, а спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ после натпреварот кратко прокоментира: „Не е добро.“

„Алкантара не изгледа добро, има силни болки во ногата. Ги чекаме деталите од прегледите.“ – прокоментира Нико Ковач после натпреварот.

Алкантара беше изнесен од теренот, а до автобусот дојде на патерици и со сигурност нема да игра во сабота против Фрајбург во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…