Дома Фудбал Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше против Арсенал на „Алијанц Арена“.

Во првото полувреме немаше големи шанси на двете страни, а Арсенал беше поофанзивен имаше поголем дел од играта.

Во вториот дел Кејн погоди пречка и во истата акција Горецка ја погоди и стативата, но тоа што не го искористија овие двајца, му успеа на Џошуа Кимих кој се најде на вистинско место во 63-та минута.

Тој гол се покажа како пресуден на крајот после ремито 2:2 на Емирати, па Баерн се пласира во полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…