Дома Фудбал Баерн откри дали Тухел ќе го води тимот против Арсенал

Баерн откри дали Тухел ќе го води тимот против Арсенал

Томас Тухел останува на чело на Баерн Минхен и покрај срамниот пораз на тимот од Хајденхајм во Бундеслигата со 3-2. 

 Од клубот потврдија дека тој ќе го води тимот на гостувањето кај Арсенал во Лондон во вторник во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. 

Веќе беше одлучено Баерн да се раздели со Тухел на крајот од сезоната, но поради лошите резултати се шпекулира дека може да добие отказ предвреме.

„Не размислувам да го отпуштам Томас сега. Тренерот не е секогаш проблемот. Сигурно ќе биде на клупата во Лондон. Сепак, не можам дефинитивно да одговорам дали ќе остане тука до самиот крај на сезоната“, изјави спортскиот директор Еберле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волкот му посочи напаѓач на Арсенал: Калверт-Луин е профилот што недостига

Тео Волкот смета дека Арсенал би добил поинаква напаѓачка опција со играч како Доминик Кал…