Дома Фудбал Германија Баерн новиот тренер ќе го претстави во јануари, а неговото име e веќе познато

Баерн новиот тренер ќе го претстави во јануари, а неговото име e веќе познато

Баерн веќе некое време е без тренер откако челниците на клубот му врачија отказ на Ковач.

Нико Ковач беше отпуштен по серијата лоши резултати, но се очекуваше Баерн да реагира брзо кога станува збор за нов тренер. Сепак, Баварците веќе неколку недели се под водство на Ханс-Дитер Флик, кој беше асистент на Ковач.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Клубот се обиде да го добие Ерик тен Хаг од Ајакс, но не успеа. На крајот, беше решено Флик да остане тренер на првиот тим веројатно до крајот на оваа година, а новиот тренер треба да биде претставен на почетокот на 2020. година.

Баерн преговараше со Арсен Венгер и Жозе Мурињо, но не најдоа заеднички јазик. Сепак, како што пишува германскиот „Билд“, нов тренер на Баерн скоро сигурно ќе биде Маурисио Покетино.

Аргентинецот беше отпуштен од клупата на Тотенхем минатата недела и сега е без ангажман. „Билд“ пишува дека Хасан Салихамиџиќ ќе одржи клучни разговори со Покетино во наредните денови, но многумина веруваат дека тој е сигурно новиот тренер на Баерн.

Сепак, за конечна одлука ќе мора да почекаме уште некое време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…