Баерн Минхен не се откажува од намерата да го доведе Хари Кејн во своите редови и испрати нова, побогата понуда за неговиот потпис.
Тотенхем ја одбил првата понуда на Баварците од 70 милиони евра, а Баварците сега испратија нова понуда од 82 милиони евра плус бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн е одлучен во намерата да го доведе Хари Кејн на „Алијанц Арена“, а самиот фудбалер веќе ги договори личните услови и притиска за трансфер.
Кејн влезе во последната година од договорот, па Тотенхем е ставен пред „свршен чин“ и ќе мора да го продаде напаѓачот ова лето, а ова е последна понуда на Баерн Минхен.