Дома Топ вести Баерн Минхен спрема понуда за Хаверц

Баерн Минхен спрема понуда за Хаверц

Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи и да се врати во Бундеслигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината на крајот на сезоната.

Хаверц веќе го известил раководството на Челзи дека сака да си оди и да игра во Лигата на шампиони следната сезона.

Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а Челзи нема да се противи на неговото заминување и му поставил цена од 60 милиони фунти.

Германските медиуми пренесуваат дека Хаверц е голема желба на тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој имаше одлична соработка со него на „Стенфорд Бриџ“.

Баварците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…