Баерн Минхен е последниот европски гигант кој се вклучи во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.
Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу европски гиганти покажуваат интерес за Леао, а последен во трката се вклучи Баерн Минхен.
Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. Доколку Португалецот не стави потпис на нов договор ќе биде продаден на крајот на сезоната.
Меѓутоа, „росонерите“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра, а Баерн ќе треба да ја победи големата конкуренција.
Реал Мадрид, ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити исто така се заинтересирани за Португалецот.
📰 Reports: Bayern Munich join Leao race but Real Madrid have a big offer readyhttps://t.co/fv4h8CBrKZ #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) November 17, 2022