Шампионот на Германија, убедливо славеше против Бешикташ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, а со оваа победа Баерн изедначи рекорд стар четири децении.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Баерн со 5:0 во првиот натпревар го совлада турскиот претставник и така практично веќе го озбебеди местото во ¼ финалето.
Бешикташ кој остана и со играч помалку после 16 минути, исклучен беше Домагој Вида не можеше да се спротистави на гигантот од Минхен.
За тимот на Хејнкес ова беше 14 победа во низа во сите натпреварувања, со тоа беше изедначен рекордот од 1980 година.
Соборување на рекордот Баерн ќе брка веќе за викендот во натпреварот против Херта.