Дома Фудбал Германија Баерн ги потврди одличните вести: Двојна причина за радост на Мануел Ноер

Баерн ги потврди одличните вести: Двојна причина за радост на Мануел Ноер

Мануел Ноер, голманот на лидерот во Бундес лигата, Баерн Минхен конечно се врати на терените, барем кога во прашање се тренинзите.

Германскиот репрезентативец одработи лесен тренинг со трчање два пати по 10 минути, што покажува дека се уште не е максимално спремен. Ноер поради повредата го пропушти поголемиот дел од сезоната и се уште не е познато кога точно ќе се врати на теренот, но веројатно ќе биде наскоро.

На Твитер профилот на Баерн Минхен потврдија дека Ноер започнал со лесни тренинзи.

Ова секако се одлични вести и за Јоаким Лев кој според сегашната ситуација ќе може да смета на еден од најдобрите голмани во светот.

Ноер денес го слави и својот роденден, па сега има двојна причина за радост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона во финишот од преодниот рок испратила понуда за 16-годишник!

Микаел База – име што најверојатно е непознато за дури и најголемите љубители на фуд…