Дома Фудбал Останато Африкански Куп: Жестока битка за четвртфинале

Африкански Куп: Жестока битка за четвртфинале

Двете западноафрикански репрезентации Гвинеја и Гамбија ќе се борат на „Стад Омниспортс де Бафоусам“за пласман во четврт-финалето на Африканскиот куп на нации.

Додека Гвинеја освои четири бода во групната фаза, Гамбија уживаше во непобедлива кампања досега, завршувајќи само зад првопласираниот Мали поради гол разлика, откако освои седум бода во групата Ф.

Гвинеја игра топло-ладно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гвинеја започна одлично на Купот на нации на Африка, забележа победа од 1:0 над Малави на 10-ти јануари благодарение на голот на Исиага Сила во првото полувреме. Ова беше проследено со уште една донекаде импресивна изведба, бидејќи тие го задржаа супериорниот тим на Сенегал до реми без голови четири дена подоцна.

Сепак, крајно неочекувано Гвинеја ја заврши групната фаза со изненадувачки пораз од 2:1 од Зимбабве, кога двата тима се пресметаа на стадионот Ахмаду Ахиџо.

Зимбабве водеше 2:0 до полувремето, пред играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита да ги постави конечните 2:1.

Со четири бода од три натпревари, Гвинеја заврши на второто место во групата Б, еден бод помалку од победникот во групата Сенегал и со ист број на бодови како и третопласираниот Малави.

Без најдобриот ќе биде тешко

Сега Гвинеја ќе има крајно тешка задача иако пред шампионатот беа меѓу оние скриени фаворити. Искрено, оваа селекција има одличен тим составен од играчи кои играат во најсилните фудбалски лиги во Европа, но очигледно е дека нешто им фали за да можат д абидат конкурентни.

Репрезентативците на Сили, кои сега стигнаа до осминафиналето по петти пат во нивните последни шест настапи на турнирот, влегуваат во натпреварот во понеделник без победа во нокаут фазата од 1976 година, кога загубија од Мароко во финалето.

Гвинеја има уште еден голем проблем пред овој меч – оваа селеција ќе биде без ѕвездата од средниот ред Кеита бидејќи играчот на Ливерпул ќе отслужи суспензија од еден натпревар откако доби жолт картон против Зимбабве.

Гамбија ужива на првенството

Во меѓувреме, Гамбија ипресионира со нивниот настап досега, откако ја поминаа групната фаза многу полесно од очекувањата и тоа замислете – во нивното прво појавување на турнирот.

По одличните квалификации, каде што го елиминираа ДР Конго, тимот на Том Сентфит ја започна својата кампања на овој шампионат во голем стил со победа од 1:0 над Мавританија на 12-ти јануари.

По ова следеше ремито 1:1 со еден од фаворитите на турнирот Мали четири дена подоцна, кога Муса Бароу мирно го реализираше пеналот од 90-та минута.

Во последниот меч славеа против уште еден фаворит, против Тунис со 1:0 повторно со гол пред крајот на мечот – во 93-та минута стрелаше Јалоу.

Со седум бода од три натпревари, западноафриканската нација заврши на второто место во групата Ф, четири бода над фаворитот Тунис и со ист број на бодови како и Мали.

И покрај тоа што покажаа блескави периоди во нападот, Гамбија треба да се заблагодари на одбраната, бидејќи може да се пофали со еден од најдобрите дефанзивни рекорди на турнирот со еден примен гол во три натпревари.

ТИП:

ГВИНЕЈА – ГАМБИЈА – 0-2 @ 1.43 во Mozzart

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крос му „договара“ големо засилување на Реал Мадрид!?

Германската ѕвезда од Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, игра со самодоверба веќе една година…