Дома Останати АТП листа: Мари опасно се доближи до Ѓоковиќ!

АТП листа: Мари опасно се доближи до Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ би можел да падне од првото место на АТП листата, откако Енди Мари му се приближи на 1.915 поени кои може да ги анулира веќе во Париз.

Популарниот Ноле има само 1.915 поени пред Енди Мари, а според пресметките, Шкотот може наредниот понеделник да го запоседне и тронот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Калкулациите велат дека доколку Мари го освои мастерсот во Париз а Ѓоковиќ испадне пред финалето, Британецот ќе се искачи на првото место. Втората варијанта е Мари да влезе во финале, а Ѓоковиќ да испадне пред полуфиналето.

„Морате да му честитате на Енди за сè што направи во последните 3-4 месеци. Втората половина од годината му беше фантастична. Победи на многу натпревари и веројатно го игра најдобриот тенис во својот живот. Многу е силен во овој момент. Заслужува да биде во позиција да ја заврши годината како број 1, но дали тоа ќе се случи не зависи од него, туку и од мене. Ќе видиме што ќе се случи“, порача Ѓоковиќ.

Покрај Ѓоковиќ и Мари, меѓу првите десет тенисери се уште и Вавринка, Нишикори, Раониќ, Надал, Монфис, Тим, Федерер и Чилиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…