Македонските јуниори беа рамноправни скоро цело полувреме, но се поразени од далеку поискусните и подоминантни противници од САД (59:92)
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нашата селекција „Под 18“ години одигра добри 20 минути во контролната средба против гостите од САД, но немаше сили во второто полувреме да се „врати“ во мечот, и да биде уште поконкурентна во својата прва проверка во периодот на подготовките.
Првите десет минути од „контролата“ во СРЦ „Кале“ поминаа во израмнета игра, иако на крајот, составот од САД обезбеди предност од (20:17).
Комбинираниот американски тим ја имаше предноста се до средишниот дел од вториот период. Дел од играта во кој на 3:26 минути пред истекот на полувремето, нашите јуниори дури и го превземаа водството.
Со серија од седум поени, поведоа со (32:31). Но во рок од две минути „Атлетите во акција“ вратија со своја серија од (11-0) за враќање на сигурното водство кое го имаа на почетокот на тој втор дел од играта, беше и двоцифрено,(42:32).
Така беше и на крајот на првото полувреме (44:34).
Четири стартери во тимот на селекторот Никола Василев, ги постигнаа најголем дел од поените во тие 20.минути. Хот и Наков имаа по осум реализации, Митревски 6, а Василевски 4.поени.
Од оние кои влегоа во игра, поени додадоа (по три) Петков и Стојковски
Утре од 20.часот, во СРЦ „Кале “ следува нова репрезентативна „контрола“. На теренот ќе истрча нашата селекција „Под 20“, која ќе игра против соодветната селекција на Украина.