Дома Македонски спорт Атлетичарите од Куманово издоминираа на Сениорскиот државен куп

Атлетичарите од Куманово издоминираа на Сениорскиот државен куп

Атлетичарите на Атлетскиот клуб Куманово и годинава беа најуспешни на Сениорскиот државен куп кој викендов се одржа во Скопје.

Женскиот состав на клубот покажа силна доминација на купот и убедливо успеа да го освои првото место, додека мажите се на третото место. Според сите собрани поени Куманово сепак е најуспешен клуб во државата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Поените не е лесно да се соберат, може да бидете први и да немате поени, ако не се постигне одредено ниво на резултат, т.н. норма. Само со остварување на таа норма почнува доделување на тие поени, се бара квалитет на резултати, а не само масовност. Нашата екипа не беше многу голема, 17 луѓе, но едноставно сите успеаја да бидат прво, второ или трето место и на тој начин успеавме да победиме и покрај други помасовни екипи, изјави Филип Колевски, тренер на АК Куманово.

Еден од најголемите успеси на клубот го забележа младата Теа Алексовска која успеа да собори државен рекорд во фрлање кладиво во категоријата под 18 и под 20 години.

– Учествува во три дисциплини, првиот ден беше фрлање диск каде успеав да направам личен резултат, а со тоа и норма за Балканското првенство што ќе се одржи во Црна Гора за две недели. Вториот ден за прв пат учествував во дисциплината фрлање кладиво, каде успеав да поставам нов државен рекорд, односно младински рекорд кој сега изнесува 25,62, а учествував и во фрлање ѓуле, изјави Алексовска.

Извонредни резултати постигна и Матеја Ефремовска која настапуваше во пет дисциплини, меѓу кои трискок, фрлање диск, штафера и скок во далечина и фрлање ѓуле при што освои три први и две втори места.

– Тоа е еден од најважните натпревари за нашиот клуб затоа што ова е како рангирање кој на кое место ќе бидеме во државата. За нас е најважен затоа што секогаш се бориме да станеме најдобар клуб и како и изминатите години станавме најдобар клуб, а особено ме радува тоа што во женска конкуренција издоминиравме. Лично сум задоволна од моите резултати бидејќи оваа година може да се каже како враќање од повреди и ова ми е најуспешен настап во изминатите години, изјави Ефремовска.

Извор: Кумановски Муабети

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…