Момчето по име Сами Брајбрук кое има 17 години и член на Лестер, како и капитен на репрезентацијата на Англија до 18 години го привлече вниманието на медиумите.
Реномираниот „Атлетик“ објави сторија за младиот фудбалер споредувајќи го со двајца големи играчи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Запознајте го Сами Брајбрук, англискиот У-18 капитен кој изгледа како Модриќ и игра како Иниеста“, гласи насловот на текстот.
Висок е нешто повеќе од 170 сантиметри, а со плавата коса многу потсетува на ѕвездата на Реал Мадрид. По стилот на игра, присутноста на теренот и техниката неговите соиграчи го споредуваат со Иниеста.
Неговата најголема мана е ситната физичка конституција, но тоа Модриќ, Иниеста и некои други мајстори на фудбалската игра го надминаа со ментална сила. Сезонава Брајбук игра за тимот на Лестер до 23 години и наместри три гола во 10 настапи, У-18 репрезентацијата како капитен оваа недела ја предводеше до победа против Португалија.
🇹🇷 Soyuncu calls him "Modric"
— Rob Tanner (@RobTannerLCFC) November 20, 2021
🏴 England U18s team-mates call him "#LCFC's Iniesta"
🦊 To his family he is "Our Sammy"
Meet @sammybraybrooke, a young player on the rise.https://t.co/zWfFdQHS3c