Атлетико Мадрид синоќа го совлада Ливерпул со 1:0 во осминафиналето од ЛШ, а за три недели „јорганџиите“ ќе гостуваат на „Енфилд“.
„Енфилд“ важи за стадион со најдобрата атмосфера во Англија, па многумина сметаат дека тоа ќе биде голема предност за Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, првиот човек на Атлетико, Енрике Серезо за да ги испровоцира „црвените“ во однос на нивиот стадион.
„Кој ќе удри прв, удира двапати. Да се види навивачите како го поддржуваат нашиот тим е неверојатно. Тоа беше шоу. Енфилд е голем стадон, но стар, не би поминал ни технички преглед“, изјави Серезо.
„Енфилд“ е изграден во далечната 1884 година, а осум година подоцна стана домаќин на натпреварите на Ливерпул. Последен пат беше реновиран во 2016 година, кога капацитетот беше зголемен на 54.074 седишта.