Aргентинецот Хулијан Алварез е се поблиску до реализација на трансферот од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид.
Шпанците на Англичаните би требало да им платат сума од 75 милиони евра за услугите на аргентинскиот напаѓач кој јавно искажа незадоволство поради малата минутажа кај Пеп Гвардиола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот експерт за трансфер пазарот, најавува дека тој трансфер ќе придонесе домино ефекет. Имено, Атлетико со доведувањето на Алварез ќе може да се ослободи од Саму Омордион кој за 40 милиони евра би требало да го засили Челзи. Освен тоа Атлетико ќе го доведе и Конор Галагер од Челзи, исто така за 40 милиони евра. Наскоро тоа би требало да биде потврдено.
Омордион е еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа. Минатата сезона ја помина на позајмица во Алавес и на 35 натпревари постигна десет голови. Галагер е дете на Челзи и англиски репрезентативец. Алаварез во оваа ситуација е најголемата ѕвезда и светски шампион со Аргентина. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 90 милиони евра.