Дома Фудбал Атлетико Мадрид останува без капитен: Габи доби ПОНУДА на која не може да каже „НЕ“

Атлетико Мадрид останува без капитен: Габи доби ПОНУДА на која не може да каже „НЕ“

Долговечниот капитен на Атлетико, Габи ќе го напушти Мадрид ова лето и кариерата ќе ја продолжи во истиот тим за кој настапува и легендарниот Чави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот играч за врска ќе потпише тригодишен договор со Ал Садо и тоа најголем во животот со годишна плата од 19 милиони евра. Според информациите на Аса, Габи, кој за две недели полни 35 години, веќе зборувал со Диего Симеоне и челниците на Мадриѓаните на кои им стави до знаење дека сака да ја прифати понудата која не се одбива.

Тоа не е проблем за Атлетико, кој неодамна го донесе играчот за врска на Виљареал, Родријо, а кој е предодреден да биде замена на Габи. Мадриѓаните му понудија на својот капитен нов двегодишен договор, бидејќи актуелниот му истекува следното лето, но не може ниту во лудило да му дадат плата колку би заработувал во Катар.

Во досегашната кариера, Габи забележа 417 натпревари во црвено-белиот дрес и е седми фудбалер во историјата на Атлетико по бројот на натпреевари. Постигна десет погодоци и освои шест трофеи: Примера, Купот на Италија, Суперкупот во Шпанија, две Лига Европа и Суперкупот на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …