Атлетико Мадрид се најде во незгодна ситуација и не може да пријавува нови играчи, бидејќи ја надмина границата за плати за 100 милиони евра.
Вчера претседателот на клубот Енрике Сересо потврди дека Атлетико има договор со Аксел Витсел, кој е слободен играч, но за да го регистрира клубот мора да се ослобиди од некој играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трансферот на Витсел не може да се финализира токму поради финансиската состојба, пишува „Марка“.
Атлетико сака да се раздели со Антоан Гризман, кој има една од највисоките плати. Французинот минатото лето се врати во клубот на позајмица од две години.
Сепак, неговото напуштање нема целосно да го реши проблемот и „јорганџиите“ можеби ќе треба да се разделат со уште некој важен играч како Жоао Феликс.