Aтлетико Мадрид наредната недела ќе го игра за нив најважниот натпревар во досегашниот дел од сезоната.
„Јорганџиите“ во рамките од Лигата на шампионите ќе му гостуваат на Јувентус во Торино каде што носат предност од 2:0 која ја стекнаа во првиот натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако одбраната на Атлетико е позната како една од најцврстите во светскиот фудбал на клубот од Мадрид сигурно нема да му биде лесно против Јувентус кој би требало да тргне на се или ништо.
Натпреварот во Торино се ближи, а тренерот Симеоне се наоѓа во проблеми. Имено, искусниот бек Фелипе Луис заработи повреда во натпреварот против Сосиедад и е под знак прашалник за реваншот во осминафиналето.
Сепак, има надеж за стандардниот дефанзивец на Атлетико. Треба да се почека мислењето на медицинскиот тим на Атлетико, но јасно е дека неиграњето на Луис во овој натпревар би бил голем проблем за „јорганџиите“.
Треба да се спомене и дека Атлетико за оваа средба сигурно не ќе може да смета на Диего Коста и Томас Парти.
Исто така и самиот Симеоне се наоѓа под закана од суспензија поради неспортската прослава на погодокот во натпреварот во Торино. УЕФА засега го казни Симеоне само парично за овој гест меѓутоа се уште се разгледува можноста за негова суспензија.