Хаким Зијех ова лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зијех до сега не успеа да го покаже својот квалитет, а новиот тренер Томас Тухел не смета сериозно на него.
Таквата ситуација сакаат да ја искористи Атлетико Мадрид, кој покажува сериозен интерес за Мароканецот.
27-годишниот плејмејкер е голема желба на Диего Симеоне и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Мароканецот има потешкотии со адаптацијата во Премиер лигата и сака да ја промени средината, а Челзи нема да се противи на неговото заминување, па веќе му постави цена од 25 милиони евра.