Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и Виљареал вечерва ги разочараа своите навивачи на гостувањето кај понеконкурентните екипи, но за среќа ги очекува реванш на своите терени.
Најголемо изненадување беше Понферадина, која на свој терен славеше против Виљареал со 1:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атлетико Мадрид и Билбао не се избламираа толку, бидејќи извлкоа реми во првите дуели.
Мадриѓаните гостуваа кај второлигашот Елче, а единствениот погодок за тимот на Симеоне го постигна Томас.
Билбао со идентичен резултат ремизираше на гости кај Форменте, додека чудесниот Леганез продолжи во победничката серија во рамки на Купот на Кралевите, бидејќи на гости славеше против Ваљадолид со 2:1.