Дома Топ вести „АС“: Реал Мадрид е пред ангажман на еден од најбараните напаѓачи во Европа!

„АС“: Реал Мадрид е пред ангажман на еден од најбараните напаѓачи во Европа!

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ (21) се наоѓа пред голем трансфер.

Како што наведува шпански „АС“, Реал Мадрид се наоѓа на чекор од потпис со напаѓачот кој игра одлична сезона и целата зделка би требало да биде завршена многу брзо.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јовиќ во текот на неделата и официјално стана играч на Франкфурт. Откупен беше од Бенфика за само шест милиони евра. Меѓутоа тоа не значи дека тој ќе остане во германскиот бундеслигаш, Франкфурт го откупи за претходно договорената сума од шест милиони евра и сега ќе го продаде многу посакапо.

Според информациите кои утрово ги објави „АС“ Реал Мадрид за услугите на 21 годишниот напаѓач ќе издвои сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Дваесет проценти од сумата од неговиот трансфер ќе добие и тимот на Бенфика.

„АС“ потенцира и дека евентуалното доѓање на Јовиќ не значи и заминување на Карим Бензема. Францускиот напаѓач многу се поврзуваше со заминување од таборот на „кралевите“ но откако Зидан се врати на клупата многу работи се променија и Јовиќ веројатно ќе му биде конкуренција на Бензема.

Joвиќ кариерата ја започна во Црвена Звезда каде што беше дел од младинските категории на овој тим. Во сениорскиот тим на Звезда помина две сезони од 2014 до 2016 година после што следуваше трансфер во Бенфика од каде што како позајмен фудбалер премина во Франкфурт кој како што кажавме сега го откупи неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…