Дома Топ вести „АС“ открива кога Лука Јовиќ ќе стане играч на Реал Мадрид!

„АС“ открива кога Лука Јовиќ ќе стане играч на Реал Мадрид!

Уште пред десетина дена мадритски „АС“ тврдеше дека Лука Јовиќ е нов фудбалер на Реал Мадрид.

Во текстот во кој се тврдеше дека трансферот е договорен се откри и дека сумата на зделката ќе изнесува 60 милиони евра од кои 48 ќе завршат на сметата на Ајнтрахт, а 12 кај Бенфика.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После таа вест во меѓувреме други медиуми пласираа информации во јавноста дека Јовиќ нема да потпише договор со Реал Мадрид. Меѓутоа, денес „АС“ како за инат на сите тие кои го тврдеа спротивното објави нова вест како надополнување на старата и пишува дека потврдата за трансферот на Јовиќ е ќе стигне во сабота.

„Се е веќе завршено, но двата клуба се договорени да не откриваат ништо додека не се одигра последното коло од Бундес лигата. Франкфурт во последното коло ќе се бори за мести во Лигата на шампионите, па од таа причина потребен им е мир пред гостувањето кај Баерн на Алијанц Арената“, објави новинарот на „АС“.

Во текстот стои уште дека Јовиќ ќе биде второ засилување за Реал Мадрид бидејќи вече беше завршен трансферот на Едер Милитао од Порто.

Многу блиску до трансфер во Реал веќе подолго време е Еден Азар од Челзи, а тука според информациите се чека Челзи да го одигра финалето во Лигата на Европа против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо повторно казнет во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо минатата недела повторно беше исклучен во натпреварот од Суперкупот на …