„Нешто се случува со Азар“, пишува весникот „АС“, кој е близок до Реал Мадрид.
На 29-ти септември Еден Азар се здоби со мускулна повреда, која клубот ја објави ден подоцна. Весникот тврди дека „веќе три недели никој не го видел Азар, дури ни на индивидуалните тренинзи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белгиецот често е повреден откако пристигна во Мадрид, па тој досега беше на списокот со повредени цели 233 дена.
Вчера Зиндин Зидан потврди дека повредата на Азар е потешка од очекуваното, но Белгиецот веќе тренира и брзо ќе се врати на терените.
„АС“ денес фрла сомнеж на ваквите изјави и тврди дека веќе три недели Азар не се појавил во тренинг центарот.