Дома Фудбал АС ги посочува причините поради кои Модриќ останува во шпанската престолнина

АС ги посочува причините поради кои Модриќ останува во шпанската престолнина

Лука Модриќ останува во Реал Мадрид. Го прекина потенцијалниот трансфер во Интер, веста која во текот на вчерашниот ден како молнја оддекна во шпанските и италијанските медиуми.

Зошто Лука Модриќ се откажа од трансферот? Со обид да ја расветли позадината на одлуката, АС низ пет точки ги наведе клучните причини.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Подобрен договор

Реал Мадрид брзо и ефикасно реагираше на финансиската понуда на Интер. Италијанскиот клуб на хрватскиот играч за врска му понуди 10 милиони евра годишна плата и шестгодишен договор кој вклучува четири години во Интер и две години во Јиангсу Сунинг. Реал Мадрид реагираше со подобрување на неговиот договор од 8 на 11 милиони евра со што Хрватот се изедначи со Герет Бејл кога е во прашање годишната плата.

Освојување на трофеи

Доволно е само да се споредад резултатите на Интер и Реал Мадрид за да се заклучи дека Лука Модриќ со останувањето во шпанската престолнина и натаму може да смета на битка за трофеи. Реал ги освои последните четири од пет титули во ЛШ, од кои три во низа. Интер последната европска титула на чело со Мурињо ја освои пред осум години.

Семејството

Семејството како фактор е уште еден во низата причини. Модриќ веќе шест години живее во Мадрид и неговото семејство е навинато на животот и традицијата во главниот град на Шпанија. Преселувањето во Милано би значело промена на веќе навикнатите рутини. Семејната ситуација во одредена мерка пресуди во корист на Реал Мадрид.

Тренерот Лопетеги

Доаѓањето на Лопетеги наместо Зидан на клупата на кралскиот клуб подразбира континуитет повеќе или помалку, идентичен стил кој го преферираше и францускиот фудбалски експерт. Лука Модриќ е свесен дека ќе остави впечаток во плановите на Лопетеги, односно дека тој ќе може да ја демонстрира класата со која воодушевуваше изминатите години.

Истакнатиот тимски ростер

Заминувањето на Роналдо во Јувентус му го отвори патот на Лука Модриќ да преземе уште поважна улога во соблекувалната на Реал. Со оглед на престојната, седма сезона во кралскиот клуб, се сврстува меѓу сенаторите чии глас се слуша и уважува. Со оглед на тоа дека Роналдо повеќе го нема, фигурата на Модриќ ќе биде поистакната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…