Дома Фудбал Англија Астон Вила го победи Арсенал и излезе од опасната зона

Астон Вила го победи Арсенал и излезе од опасната зона

Астон Вила стигна до голема победа откако вечерва на Вила Парк го совлада Арсенал со 1:0.

Моментот на натпреварот се случи во 27. минута. После еден корнер за домашната екипа топката на втора статива стигна до Трезеге кој со удар од прва ја затресе мрежата на Топџиите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во 75. минута голема шанса за домашниот тим не искористи Дејвис, а казната можеше да стигне само две минути подоцна, но Едвард Нкетиа ја погоди стативата.

Во финишот на натпреварот Арсенал ја имаше иницијативата и се обидуваше да дојде барем до бод, но домашниот тим успешно се одбрани и запишаа големи три бода.

Благодарение на оваа победа и подобрата гол разлика од Ватфорд на коло пред крајот Астон Вила излезе од опасната зона и сега се наоѓа на 17. место.

Во последниот натпревар од оваа сезона Астон Вила гостува кај Вест Хем, додека Ватфорд им гостува на Топџиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола откри зошто ги заменил Де Брујн и Халанд

Манчестер Сити вчера беше елиминиран од четвртфиналето во Лигата на шампионите од Реал Мад…