Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не е задоволен од судењето во Лига Европа.
„Топџиите“ синоќа го победија Молде со 4:1, но и покрај високата победа Артета смета дека судијата направил грешки во нивна штета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако веќе имаме технологија и веруваме дека таа е најдобра, тогаш ајде да ја искористиме. Ние се буневме кај судијата бидејќи беше јасно дека не е офсајт голот кој ни беше поништен. ВАР тоа може да го промени“, изјави Артета.
Артета потоа ја повика УЕФА да размисли и да воведе ВАР во елиминациската фаза од Лига Европа.