Арсенал и официјално за нов менаџер го назначи Микел Артета, кој на претставувањето истакна дека „топџиите“ мораат да се борат за трофеи.
Артета на клупата на Арсенал ќе дебитира во четврток на гостувањето кај Борнмут. Тој натпревар ќе биде исклучително тежок за Шпанецот со оглед дека за овој натпревар нема да може да смета на скоро половина тим, што поради повреди, но и поради картони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со оглед на слабите резултати во есенскиот дел од сезоната, јасно е дека Артета ќе сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а „ЕСПН“ ја откри и првата трансфер мета.
Станува збор за крилниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Томас Лемар, кој оваа сезона не добива голема минутажа кај Симеоне.
Пред да стигне во Мадрид, 24-годишниот Французин беше главна мета на Арсен Венгер додека уште го водеше лондонскиот клуб.
Thomas Lemar 'emerges as Arsenal target' as Mikel Arteta prepares January rebuild https://t.co/UzmVfrQbeq pic.twitter.com/SkoYK8io3P
— Mirror Football (@MirrorFootball) December 24, 2019