Дома Фудбал Останато Артета: Утре не чека финале!

Артета: Утре не чека финале!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го определи утрешниот меч со Бенфика како финале.

Арсенал ја пречекува Бенфика во 1/16 финалето од Лига Европа, а првиот меч заврши со резултат 1:1.

„Математички се уште е можно да се пласираме во Топ 4 во Премиер лигата и треба да се обидеме. Лига Европа е другиот пат кон Лигата на шампиони. Ова е исклучително важен меч за нас и за нашата самодоверба. Бенфика е тежок противник, за нас утрешниот меч е како финале“, изјави Артета.

„Во Арсенал секогаш целта е освојување на турнирот во кој учествува, па така и Лига Европа. Кога играш меч после кој можеш да испаднеш, тоа значи дека е финале. Нашата цел е да стигнеме до финалето“, додаде Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mурињо пред почетокот на ЛШ се жалеше на судењето во Шпанија

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес се обрати на прес-конференција пред натпреваро…