Дома Фудбал Англија Артета: Сити даде гол од офсајд, ни се случуваат чудни работи

Артета: Сити даде гол од офсајд, ни се случуваат чудни работи

Aрсенал вчера доживеа нов пораз овој пат во Лига Купот против бранителот на трофејот Манчестер Сити.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После натпреварот Артета кажа дека Сити ја казнил секоја нивна грешка, но потенцираше и дека „граѓаните“ постигнале гол од офсајд.

„Ваков противник ја казнува секоја грешка. Имавме добри контранапади, но тие постигнаа гол од офсајд и на крајот се беше завршено со наш пораз. Тешко е да го согледаме натпреварот против ваков противник. Многу чудни работи ни се случуваат. Ние мораме да се свртиме бидејќи следните натпревари ќе ни ја одредат сезоната. Она што го видов е дека имам борци во екипата“, изјави Артета.

Арсенал сега е во серија од четири натпревари без победа во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Реал е хаос: Родителите на две ѕвезди се јавиле кај Перез, не биле задоволни од минутажата!

Во Реал Мадрид во последниот период како да има се повеќе проблеми. По гласините за тензии…