Aрсенал изгуби од Брајтон со 3:0 на домашен терен и така практично и да ги загуби шансите за титулата во Премиер лигата до која веројатно ќе стигне Манчестер Сити.
Разочаран по овој пораз секако беше тренерот Микел Артета кој ја презема одговорноста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во овој момент чувствувам фрустрација, чувствувам како да се предадовме во второто полувреме, а се боревме толку многу за да бидеме во оваа позиција, требаше да гриземе и да го следиме нашиот сон. Многу работи мора да анализираме и да видиме за што воопшто е способен нашиот тим“.
„Она што го направи овој тим во претходните десет месеци е повеќе од очекувањата на било кој, меѓутоа тоа со себе носи и зголемени очекувања. Се создава ентузијазам, среќа и радост, чувство дека токму сега мораме да направиме нешто и со тоа треба да се избориме“.
„Го мразам ова чувства кога луѓето се изневерени и поради тоа најмногу се каам денес. Мораме да се извиниме. Моја работа е да го извлечам најдоброто од секого. Се обидов, но очигледно не успеав“, изјави Артета.