Дома Фудбал Артета по елиминацијата: Очекувавме многу, ова боли

Артета по елиминацијата: Очекувавме многу, ова боли

Tренерот на Арсенал, Микел Артета е разочаран после елиминацијата на неговата екипа од Лигата на Европа.

Олимпијакос вчера после продолженија славеше со 2:1 на „Емирати“ и на тој начин се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа.

Артета имал големи очекувања од ова натпреварување.

„Ова боли. Иимавме големи очекувања од Лигата на Европа. Направивме многу позитивни работи во овој натпревар, креиравме доволно шанси, но примивме два гола од прекин и си направивме проблем“, изјави Артета.

Голема шанса во самиот финиш од продолженијата во 123. минута пропушти Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…