Aрсенал во вчерашниот натпревар од четвртфиналето одигра 2:2 против Баерн Минхен, а по овој натпревар шпанскиот стратег Микел Артета имаше измешани чувства.
Рано дојде Арсенал до водство со голот на Букајо Сака, а во 15-тата минута Бен Вајт имаше одлична прилика да зголеми на 2:0, но од идеална позиција шутираше директно во Ноер. Таа шанса според Артета била клучна за натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн подоцна направи пресврт до крајот на првиот дел, додека конечните 2:2 ги постави Тросар во второто полувреме.
„Натпреварот го започнавме одлично, доминиравме и игравме на противничката половина, создадавме шанси. При водство од 1:0, Бен Вајт излезе пред Ноер и тука требаше да биде 2:0 за нас. Топката во таква шанса на вакви натпревари мора да заврши во гол, тоа е момент кој го менува целиот меч. Ова е Лига на шампиони и морате да ја казните секоја грешка на противникот, ако не го направите тоа вие ќе бидете казнети“, објасни Артета.
Шпанецот сепак изрази задоволство поради карактерот кој го покажале неговите момци.
„Задоволен сум од карактерот кој го покажавме, на 1:2 не ја загубивме главата и не дозволивме натпреварот да отиде во целосно погрешна насока. Верувам дека ќе ги намалиме грешките во вториот натпревар“, изјави Артета.