Дома Фудбал Англија Артета го понижи Озил: Ова е доказ дека и дефинитивно не смета на него

Артета го понижи Озил: Ова е доказ дека и дефинитивно не смета на него

Месут Озил поминува низ еден од потешките периоди од неговата фудбалска кариера.

Искусниот германски фудбалер веќе шест месеци не одиграл ниту еден натпревар, но се уште е играч на Арсенал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Топџиите“ го плаќаат 350.000 фунти неделно. Тоа е најголемиот договор во историјата на клубот, меѓутоа Озил од поодамна е отпишан.

Доказ за тоа е што името на одличниот фудбалер не се најде помеѓу 25. фудбалери кои се пријавени за настап во Лигата на Европа. Извесно е дака шанса за игра нема да добие ниту во Премиер лигата и ова секако е големо понижување за славниот фудбалер.

Арсенал се обиде да постигне договор со Озил за да се ослободи од неговата голема плата, но на тоа Германецотн е се согласи и затоа е ставен на клупската црна листа.

На Озил можеби не му е сеедно што не игра, сепак не сака и да се откаже од своите 350.000 фунти неделно. Договоорт со Арсенал му истекува на лето наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…