Дома Фудбал Лига на шампиони Артета бесен по поразот од Интер: Судиите го одлучија победникот!

Артета бесен по поразот од Интер: Судиите го одлучија победникот!

Шпанскиот стратег на кормилото на Арсенал не го криеше разочарувањето по минималниот пораз од Интер со 1:0 во Лигатата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Артета го пофали настапот на својот тим, зборуваше за промашените шанси, но не пропушти и да искоментира судењето кое според него било клучен фактор.

„Нероаѕурите“ победата ја остварија со голот од пенал по играњето со рака на Микел Мерино, а во Арсенал беа бесни затоа што сметаа дека требало да има пенал за нив по стартот на Зомер токму над Мерино.

„Тие одлуки го одлучија резултатот. На едната страна не се досуди пенал, па се досуди на другата. Тешко е да прифатите кога ќе изгубите на ваков начин, одигравме квалитетно. Ова беше еден од најдобрите на Арсенал во изминатите години, доминиравме на теренот како ретко кој против Интер, но за жал не постигнавме гол“, изјави Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Италија на нозе: Стигнаа нови вести за Пеп Гвардиола!

Италијанската репрезентација може да добие едно од најгласните тренерски имиња во светот. …