Дома Фудбал Англија Арсенал пронајде засилување во офанзивата, но нема да биде евтино

Арсенал пронајде засилување во офанзивата, но нема да биде евтино

Унаи Емери веќе е во потрага на засилувања за следната сезона, а едно од нив би можело да биде Исмаил Сар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 21-годишен  Сенегалец важи за еден од најталентираните играчи во Лига 1, а неговиот Рен во случај на продажба сака добро да заработи.

Арсенал е заинтересиран за Сар, кој против Топџиите во овогодинешното осминафналер во ЛЕ постигна погодок, но за негов евентуален потпис мора да плати околу 50 милиони евра.

Наводно челниците на Арсенал воспоставиле контакти со Рен околу можен трансфер, а добиле одговор дека Сенегалецот нема да го продадат без најмалку 50 милиони евра.

Инаку, Арсен се поврзува и со играчот на Лил, Николас Пепе кој би бил поскапо решение. Интересно е што Сар се споменува како можна замена за Пепе во Лил доколку репрезентативецот на БСК ова лето направи трансфер.

Зад младиот Сар е одлична сезона во која одигра 50 натпревари за Рен во сите натпреварувања, постигна 13 погодоци и запиша 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголеми аплаузи за Нејмар. Плачеше по натпреварот

Настапот на бразилската “десетка” во второто полувреме од мечот против Шкотска…