Гереманскиот репрезентативец Месут Озил конечно реши да стави крај на шпекулациите за неговата иднина и стави потпис на нов договор со Арсенал до 2021 година.
Преговорите помеѓу Арсенал и Озил траеа неколку месеци, а германскиот репрезентативец не можеше да донесе конечна одлука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на фактот што Германецот следното лето ќе биде слободен агент на маса имаше неколку понуди, но една исклучително богата од кинески клуб.
Од лондонскиот клуб денес потврдија дека Озил бил многи блиску до заминување од „Емирати“ и дека имал понуда од кинески клуб „тешка“ 22 милиони евра по сезона.
Сепак, Озил охрабрен од трансфер политиката на клубот, со доведувањето на Обамејанг и Михтаријан, одлучи да стави потпис на нов договор и да остане во Арсенал до 2021 година.