Дома Фудбал Англија Арсенал на лето ќе тргне по поранешниот тренер на Ливерпул?

Арсенал на лето ќе тргне по поранешниот тренер на Ливерпул?

Ако им веруваме на британските медиуми Фредрик Љунберг на клупата на Арсенал ќе остане до крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Топџиите“ во петокот после поразот од Ајнтрахт во 5. Коло од Лигата на Европа го отпуштија Емери. За привремено решение беше поставен Љунберг кој како што сега стојат работите ќе остане подолго од очекуваното.

Наводно во Арсенал процениле дека во текот на сезоната не можат да доведат квалитетно решение, па затоа ќе го остават Љунберг до лето. На Островот се пишува дека Арсенал тогаш ќе тргне по потписот на Брендан Роџерс од Лестер.

Лестер оваа сезона игра одлично и големи заслуги за тоа одат токму кај Роџерс.

Роџерс изгледа како тренер кој совршено одговара за напаѓачката филозофија на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА не простува: Исфрли коментатор од Мундијалот!

Светското првенство досега ни донесе еден скандал кој не се случи на теренот, туку во коме…