Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ за последниот натпревар од групната фаза спрема состав кој ќе ги фрли во очај Аргентинците.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, нивниот селектор има намера да направи дури десет промени во однос на составот со Аргентина. Единствениот кој би требало да остане во почетниот состав е Иван Перишиќ, а дури седум фудбалер ќе дебитираат на ова СП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овие вести сигурно нема да му се допаднат на селекторот на Аргентина, Сампаоли, на кој му треба победа против Нигерија и пораз на Исланд.
Веројатниот состав на Хрватска против Исланд: калиниќ, Једвај, Пивариќ, Чалета-Цар, Чорлука, Бадељ, Брадариќ, Ковачиќ, Пјаца, Перишиќ, Крамариќ.