Лионел Меси нема да игра во последното коло од Лига 1 пред паузата за Светското првенство.
Француските медиуми откриваат дека Меси побарал од тренерот Галтие да го остави надвор од составот за натпреварот против Оксер, закажан за 13 ноември.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ утре ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и Оксер на „Паркот на принцовите“.
Тоа значи дека Меси повеќе нема да игра во Париз, туку на преостанатите две гостувања, по што сака да одмори две недели и да ги наполни батериите за Светското првенство во Катар.
Аргентина е во групата Ц, каде се уште Полска, Мексико и Саудиска Арабија. Аргентина го отвора турнирот на 22 ноември. Ќе потсетиме, Меси веќе потврди дека ова ќе биде неговото последно Светско првенство.