Фудбалерите на Аргентина се првите финалисти на овогодинешното издание на Копа Америка. Тимот на Лионел Скалони ја победи Канада со 2-0 во полуфиналниот натпревар и стигна до своето 30-то финале на натпреварувањето. Головите за победа на Аргентина ги постигнаа Алварез и Лионел Меси.
Во изедначен натпревар, најважното се случи во 22. минута, кога Алварез ја доведе Аргентина во водство, а потоа во 51. минута, кога Меси од непосредна близина го сврте ударот на Енцо Фернандез , прво во лицето на Крепо, а потоа во неговата сопствена мрежа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа беше 109. гол на Меси за Аргентина, што значи дека само Португалецот Кристијано Роналдо (130 во 212 натпревари) има постигнато повеќе голови за националниот тим. Пензионираниот ирански голгетер Али Даеи постигна 108 на 148 натпревари, а Меси синоќа го претекна во 186-от настап за националниот тим.
Аргентина во финалето ќе игра против победникот од средбата помеѓу Уругвај и Колумбија и ќе ја брка рекордната 16-та титула. Уругвај има петнаесет, додека Бразил е на третото место на листата со девет титули. Финалето ќе се игра в недела во Мајами.