Aрбреша Реџепи беше планирано покрај Дејан Георгиевски да го носи македонското знаме на отварањето на олимписките игри, но тоа нема да се случи.
Имено како што информираат од МОК, Реџепи имала близок контакт со позитивен на Ковид-19 и ќе мора да оди во изолација. Добро е што нејзиниот настап на олимписките игри засега не се доведува во прашање.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Арбреша Реџепи заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на КОВИД – 19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите.
Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри ТОКИО 2020.
Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020“, соопштија од МОК.
Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија.