Дома Фудбал Италија Апсурд: Јувентус се одлучил на скандалозен потег со кој му „забранува“ на Сари да го води клубот против Наполи?

Апсурд: Јувентус се одлучил на скандалозен потег со кој му „забранува“ на Сари да го води клубот против Наполи?

Големото ривалство не знае за граници.

Двата големи ривали ќе се сретнат кон крајот на месецот во Торино, а доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на Јувентус дополнително го разгори ривалството помеѓу овие два клуба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус вчера на својот сајт објави дека за натпреварот против Наполи карта не ќе можат да купат навивачите кои живеат или се родени во Кампања регионот. Таквиот потег на италијанскиот шампион предизвика револт кај жителите на споменатата област, меѓутоа критики Јувентус доби и од остатокот од италијанската јавност.

Во Јувентус се правдаа дека го сметаат тој натпревар за натпревар од висок ризик и поради тоа се одлучиле на ваков потег. Сепак денес има најава дека ќе ја поништат оваа одлука или ќе је намалат (не ќе можат да купат само тие што живеат во Неапол), но и понатаму на ова се гледа како на скандал.

Голем број навивачи оваа одлука ја прокоментираа како апсурдна бидејќи со тоа тие му забрануваат на својот тренер да влезе на стадионот затоа што и Сари е роден во тој регион.
Серија А не ни започнала, а веќе имаме контроверзии…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…