Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја поддржа идејата за создавање на Суперлигата.
Европскиот суд за правда во Луксембург во текот на вчерашниот ден пресуди дека УЕФА и ФИФА делувале против законот кога пред две години забраниле формирање на Суперлигата со закани за казни кон клубовите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пресудата не значи дека со сигурност ќе има Суперлига, меѓутоа сега е јасно дека е дозволено. Позитивно мислење за ваквото натпреварување има и Карло Анчелоти.
„Таа одлука е важна за фудбалот. Некои клубови не се убедени, но верувам дека може да биде добро за сите. Времето треба да покаже дали е вистински потег“, изјави Анчелоти.
Анчелоти смета дека е добра и за календарот.
„Факт е дека нема да има повеќе монопол, а тоа го сметам за позитивно. Исто така ќе се поправи календарот и во тој случај сите се победници. На темелот на судиската одлука мислам дека фудбалот доживеа позитивно поместување“, истакна италијанскиот стратег.