Дома Фудбал Анчелоти: Сезонава ќе се бориме за 6 трофеи

Анчелоти: Сезонава ќе се бориме за 6 трофеи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти пред финалето на Суперкупот на Европа против Ајнтрахт Франкфурт вели дека неговиот тим е спремен да се бори за сите трифеи сезонава.

„Иако на некој начин заостануваме во однос на Ајнтрахт, кој ја започнува сезоната порано, ќе играме на победа. Гледаме напред. Победите од минатата сезона ни даваат самодоверба, но мораме да се концентрираме на следните натпревари. Во новата сезона ќе има 6 трофеи за освојување и сакаме да се бориме за сите“, изјави италијанскиот стратег.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Подготвени сме, во форма сме. Мораме да ја оставиме радоста и задоволството од минатата сезона и да не дозволиме некој да ни го заземе местото. Ова е најголемиот мотив да продолжиме да победуваме”, изјави Анчелоти.

„Ридигер и Чуамени се меѓу најдобрите играчи во светот на нивните позиции. Нивниот квалитет го зголемува физичкиот и техничкиот капацитет на нашиот тим. Останува да се прилагодат на тимот и тој да се навикне на нивното присуство. Да не заборавиме дека тројцата што си заминаа – Бејл, Марсело и Иско испишаа историја со овој клуб во последните години. Се надеваме дека новите ќе ги повторат успесите“, додаде Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…